Делегација на ЕУ: Ја нагласуваме важноста од континуирано спроведување на Охридскиот договор
- Ја нагласуваме важноста од континуирано спроведување на Охридскиот рамковен договор, кој повикува на целосно почитување на принципот на недискриминација и еднаков третман, особено во јавната администрација, велат од Делегација на ЕУ, прашани за став во врска со одлуката на Уставен суд за укинување на „балансерот“. - ЕУ Делегацијата ја нотира одлуката на Уставниот суд. Одлуката на Судот доаѓа откако владата ги објави своите намери да го реформира системот и да го замени Балансерот. Очекуваме да ги видиме предлозите, наведуваат од Делегација на ЕУ.

Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) - Ја нагласуваме важноста од континуирано спроведување на Охридскиот рамковен договор, кој повикува на целосно почитување на принципот на недискриминација и еднаков третман, особено во јавната администрација, велат од Делегација на ЕУ, прашани за став во врска со одлуката на Уставен суд за укинување на „балансерот“.
- ЕУ Делегацијата ја нотира одлуката на Уставниот суд. Одлуката на Судот доаѓа откако владата ги објави своите намери да го реформира системот и да го замени Балансерот. Очекуваме да ги видиме предлозите, наведуваат од Делегација на ЕУ. аа/вј/
Фото: МИА