• сабота, 23 ноември 2024

Делегација на Германската амбасада ја посети „Костал Македонија“ во Охрид

Делегација на Германската амбасада ја посети „Костал Македонија“ во Охрид
Охрид, 24 јуни 2020 (МИА) – Вршителот на должноста Aмбасадор на Сојузна Република Германија Ото Граф денеска беше во посета на фабриката „Костал Македонија“, една од позначајните германски инвестиции од автомобилската индустрија, вредна над 60 милиони евра, со вработени околу  630 лица. Граф ја искористи средбата за да се информира за состојбата во групацијата „Костал“ на глобално ниво, како и проблемите и предизвиците со кои се соочува „Костал Македонија“ во екот на пандемиската криза. Изминатите четири месеци како последица на кризата наметната од коронавирусот „Костал Македонија“ забележала сериозен пад на планираните приходи што следеа по неколкугодишен период постојано инвестирање. Независно неповолните околности, „Костал Македонија“ се уште успева да ги задржи вработените, дури и да вработува нови стручни кадри. Но, доколку се има предвид фактот што автомобилската индустрија е една од најпогодените со прогласената пандемија, тоа особено се рефлектира врз германската економија, оттаму и мултиплицирачки ефекти во помалите земји од регионот што се извозно поврзани со СР Германија. Проценките укажуваат дека европската екомонија ќе биде меѓу оние кои најдоцна ќе се врати од рецесијата, така што оценка е дека ќе биде потребно навремено реагирање и кај државите, соодветно и носителите на еконосмските политики, преку професионална администрација, грижа за инвеститорите и институционална поддршка од страна на државата. Општа е согласноста дека бизнисот може добро да функционира само доколку роковите и договорните обврски се почитуваат од сите страни подеднакво. Амбасадорот ја искористи можноста лично да направи увид во последните инвестиции во нови опреми и машини во производствениот погон, искористеноста на капацитетите, практичната примена на меркита за заштита од корона вирусот на вработените и развојните планови на компанијата. На крај, приустните го повторија задоволството од континуирана меѓусебна соработка при што, изразија надеж за натамошно продлабучување на екомоските придобивки за компаниите во земјата низ пристапниот процес кон ЕУ. аб/сст/

Остани поврзан