• понеделник, 23 декември 2024

Делегација на Бошњачкиот демократски сојуз на средба со Џафери по повод одбележувањето на геноцидот во Сребреница

Делегација на Бошњачкиот демократски сојуз на средба со Џафери по повод одбележувањето на геноцидот во Сребреница
Скопје, 7 јули 2022 (МИА) - Претседателот на Собранието Талат Џафери прими делегација на Бошњачкиот демократски сојуз и Бошњачкиот национален совет на Република Северна Македонија по повод одбележувањето на геноцидот во Сребреница. -Тие разговараа за тажната епоха во историјата на Бошњаците во овој регион, каде што беа изложени на страшни злосторства и страдања, кои секогаш ќе ги паметиме за да не се повторат. Бошњачкиот демократски сојуз изразува голема благодарност до почитуваниот претседател на Парламентот за неговата хуманост и транспарентност, кој во својот мандат ја воведе комеморацијата на геноцидот во Сребреница во институцијата со која претседава, соопшти Бошњачкиот демократски сојуз. хс/дма/      

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан