• среда, 27 ноември 2024

Делегацијата на ЕУ во Русија отвори налози на Телеграм и на ВК

Делегацијата на ЕУ во Русија отвори налози на Телеграм и на ВК
Москва, 24 март 2022 (МИА) - Делегацијата на Европска Унија во Русија денеска соопшти дека отворила налози на апликацијата Телеграм и на руската социјална мрежа ВК (Вконтакте), руска верзија на Фејсбук. Налозите се отворени со цел корисниците на тие платформи да се запознаат со најновите настани поврзани со ЕУ. Делегацијата на ЕУ на Телеграм и на ВК ќе објавува изјави, соопштенија, видеоматеријали, фотографии и графикони. ми/

Остани поврзан