• понеделник, 23 декември 2024

Делегацијата на БЈБ предводена од директорот Јанев на официјална средба со раководството на ИЦИТАП

Делегацијата на БЈБ предводена од директорот Јанев на официјална средба со раководството на ИЦИТАП

Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) - Македонската делегација која присуствува на годишната конференција на Меѓународната асоцијација на шефови на полиции, предводена од директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, се сретна со директорот на ИЦИТАП, Грегори Дукот и неговиот тим.

Како што соопшти МВР, темите за дискусија беа фокусирани на продолжување на одржливоста на проектите имплементирани со поддршка на Владата на САД преку Амбасадата на САД во Скопје, вклучувајќи мобилни камери за снимање кои се користат од страна на сообраќајната и граничната полиција во државата, како и процесот на дигитализација кој ќе продолжи со забрзан тек во Министерството за внатрешни работи, а во насока, меѓу другото, на успешно справување со криминалот и корупцијата на сите нивоа.

-Концептот за полициско-граѓанско партнерство „До Вас, за Вас” е еден од приоритетите на раководството во МВР, кој во периодот што следи ќе биде имплементиран на целата територија на нашата држава. Во текот на посетата на САД, нашата делегација имаше прилика да се запознае со моделот на полицијата од Бостон за блиска соработка со граѓаните. Нашата визија е јасна, македонската полиција да се зацврсти на високо ниво со професионалност, отчетност, транспарентност како и релевантен и рамноправен партнер за соработка со странските агенции за спроведување на законот во борбата со глобалните предизвици и облици на организиран и транснационален криминал, наведува МВР. мч/aa.

фото: МВР

Остани поврзан