• петок, 22 ноември 2024

Делегации од Град Скопје и скопските јавни претпријатија положија цвеќе на споменикот на великанот на македонската борба за слобода Гоце Делчев

Делегации од Град Скопје и скопските јавни претпријатија положија цвеќе на споменикот на великанот на македонската борба за слобода Гоце Делчев

Скопје, 4 февруари 2024

Делегации од Град Скопје и скопските јавни претпријатија предводени од градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска положија свежо цвеќе на споменикот на великанот на македонската борба за слобода Гоце Делчев, по повод 152 годишнината од неговото раѓање.

Гоце Делчев како еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација и народен водач, со својата револуционерна дејност остави траен печат во македонската историја. Секоја година на овој ден се потсетуваме на неговиот завет, на љубовта кон татковината и на несебичната жртва за слобода, а споменот на неговите дела е континуирана инспирација која мотивира за градење на подобра иднина за сите.

Фото: Град Скопје

Одделение за односи со јавност на Град Скопје

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан