• недела, 28 јули 2024

Делегациите на Левица положија цвеќе во чест на Денот на победата над фашизмот

Делегациите на Левица положија цвеќе во чест на Денот на победата над фашизмот

Скопје, 9 мај 2023

 

Официјални делегации на Левица, предводени од пратеникот Борислав Крмов, Јована Мојсоска генерален секретар, портпаролот Амар Мециновиќ, Александар Симонов (Секторот за надворешна политика), Весна Кираџива (АФЖ на Левица) и Тони Димитров (Сектор култура), положија цвеќе пред спомениците на борците против фашизмот кај „Партизанските гробишта“ Бутел, споменикот „Ослободители на Скопје“ пред владата и споменикот „9 мај“ во Центар.

Македонскиот народ низ историјата трпел бројни неправди, злодела, притисоци, насилства, поделби и окупации - но, никогаш не дозволил да биде скршен неговиот дух за национална и социјална слобода. Да бидеме ние генерациите кои гордо и достоинствено ќе го возобноват антифашистичкиот и борбен дух на нашите предци!

ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ!

Со почит,
Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан