• петок, 26 јули 2024

Декларација за женско претприемништво потпишана во Општина Валандово

Декларација за женско претприемништво потпишана во Општина Валандово
Валандово, 8 јули 2022 (МИА) - Градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов и претседателката на граѓанското здружение „Исчекор-Општество за сите“, Марија Карамучева Узунова, денеска ја потпишаа Декларацијата за женско претприемништво со која општината се вклучи во националната иницијатива за развој и подршка на жените во претприемништвото. Целта на оваа Декларација е преку заеднички пристап да се подобрат состојбите на локално ниво, да се придонесе кон развој на женското претприемништво во локалната заедница и што повеќе жени да се охрабрат да започнат свој бизнис како би се промовирала родовата еднаквост и би се рушиле стереотипите, велат од општината. -Презедовме обврска во таа насока да ги следиме трендовите на глобално ниво, да ги применуваме дома најдобрите практики од светот, заедно да создадеме систем кој нуди решенија и ги поттикнува жените кои можат, исто како и мажите,да се соочат со бизни предизвиците, рече градоначалникот Перо Костадинов. им/дма/

Остани поврзан