• вторник, 08 октомври 2024

Девојката на Ал Пачино снимена со друг познат глумец

Девојката на Ал Пачино снимена со друг познат глумец

Лос Анџелес, 7 октомври 2024 (МИА) - Девојката на Ал Пачино, Нур Алфала е фотографирана како излегува од хотел во Лос Анџелес со американскиот комичар Бил Мар.

Папараците ги опколиле Мар (68) и младата „џетсетерка“ по полноќ, додека заедно го напуштале хотелот. Тоа почна бројни гласини за нивната наводна тајна врска. Американските медиуми ги контактирале нивните менаџери, но тие не возвраќале со одговор.

Таа е видена како неколку часа претходно го напушта ресторанот „Чез Миа“ со Ал Пачино. Таа притоа насмеано им мавтала на присутните фоторепортери.

Нур и Ал Пачино почнаа да се гледаат во 2022 година. Го добија синот Роман во јуни 2023 година. И покрај тоа што сѐ уште се заедно, таа поднесе барање за старателство над Роман во септември минатата година, коешто е одобрено еден месец подоцна. Пачино ѝ плаќа повеќе од 30.000 долари месечно за издршка. Тие не се венчани, а таа неодамна изјави дека не е „тип на жена за мажење“.

Пачино никогаш не бил оженет. Со поранешната партнерка Џен Тарант ја има 34-годишна ќерка Џули, а со Беверли Д'Анџело ги има близнаците Оливија и Антон.  си/ссм/

Фото: „Х“

Остани поврзан