• понеделник, 23 декември 2024

Девет Палестинци повредени, десет уапсени во судир со полицијата во Ерусалим

Девет Палестинци повредени, десет уапсени во судир со полицијата во Ерусалим
Ерусалим, 18 јуни 2021 (МИА) - Девет Палестинци се денеска повредени, а десет се уапсени во судир со израелската полиција во источниот дел на Ерусалим. Околу илјада Палестинци се собраа денеска по молитвата пред џамијата Ал Акса, трета по значење во исламот, носејќи палестински знамиња и извикувајќи „Бог е голем“. Некои од демонстрантите фрлале камења кон полицијата, кои ги чувале влезовите на храмот. Во полициското соопштение се наведува дека неколку десетици млади луѓе го нарушиле редот и почнале да гаѓаат со камења. Тројца од повредените Палестинци се хоспитализирани. Полицијата ги растерала со гумени куршуми, шок бомби и употребила физичка сила, соопшти палестинската Црвена полумесечина. гт/

Остани поврзан