Дебитантски гол сезонава за Елмас во Серија А
- Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вечерва го постигна првиот гол сезонава во италијанското првенство, придонесувајќи во триумфот на Наполи над Парма на домашен терен со 2:0 (1:0).

Неапол, 31 јануари 2021 (МИА) - Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вечерва го постигна првиот гол сезонава во италијанското првенство, придонесувајќи во триумфот на Наполи над Парма на домашен терен со 2:0 (1:0).
Наполи дојде во водство со дебитантскиот гол на Елмас во 32 минута, а триумфот на домаќините го завери Матео Политано во 82 минута.
За Елмас, кој вешерва одигра 77 минути, ова е втор гол во серија во дресот на Наполи, откако македонскиот играл за врска беше прецизен и во четвртокот, во триумфот од 4:2 над Специја во италијанскиот куп.
Наполи со ефект од 12 победи, шест порази и еден нерешен натпревар во моментов е четвртопласиран во Серија А, со девет бодови помалку од лидерот Милан. ег/сст/