• среда, 27 ноември 2024

Дебата: Универзитетите да нудат програми пократки од три години со цел јазот помеѓу образованието и пазарот на трудот да се пополни

Дебата: Универзитетите да нудат програми пократки од три години со цел јазот помеѓу образованието и пазарот на трудот да се пополни
Скопје, 12 октомври 2022 (МИА) - Мора да се размислува универзитетите да нудат програми пократки од три години со цел јазот помеѓу образованието и пазарот на трудот да се пополни. Исто така, неопходно е поврзување и усогласување меѓу овие два сектори. Ова беше истакнато на денешната тркалезна маса „Хармонизација на студиските програми во високото образование со потребите на пазарот на трудот“, во организација на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје во соработка со Стопанската комора на Северозападна Македонија. Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, Изет Зеќири истакна дека неопходно е универзитетите да почнат со реформи во дизајнирањето на што пократки студиски програми кои ќе одговараат на потребите на пазарот на трудот. Тој посочи дека најмногу недостиг на кадар има во ИТ секторот и градежништво. - Идејата доаѓа како резултат на алармантната ситуација каде што во Северна Македонија имаме 119.000 невработени, а од друга страна имаме 8.000 слободни работни места кои ги бараат бизнисите, но работници нема. Неопходно е универзитетите да почнат со реформи во дизајнирањето на што пократки студиски програми, кои ќе одговараат на потребите на пазарот на трудот. Тоа е евидентно бидејќи промените што се случуваат особено во дигиталниот свет предупредуваат дека до 2030 година ќе имаме други професии. Покрај овие професии што ги имаме, неслучајно, дури и најголемите компании основаат свои универзитети, кои произведуваат посебни профили и нови професии. Потребно е универзитетите кои се подготвуваат во оваа насока да одговорат на пазарот на трудот, рече Зеќири. Според претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Неби Хоџа, важно е тоа што не значи дека секој треба да има завршено високо образование затоа што, како што рече, ние имаме потреба за различни сектори кои не бараат универзитетско образование, но можат да се вработат и да бидат продуктивни за нашето општество и со основно и средно училиште. Тој рече дека уште од основно образование треба да почне подготвувањето на кадрите според потребите на пазарот на трудот. - Тргнувајќи од фактот дека имаме млади и ресурси кои можеме да ги подготвуваме во оваа насока, затоа мислам дека имаме ресурси и треба само еден поголем фокус во оваа насока. Поаѓајќи од фактот дека образованието е главниот столб на економскиот развој, нужно мора да имаме комуникација и триаголник на функционирање на бизнис секторот, Академијата и Министерството за образование, односно Владата за составување на училишните програми во согласност со потребите на пазарот. Имаме општа ситуација, генерално на цел Западен Балкан, кога имаме производи кои не одговараат на потребите на пазарот и тоа претставува многу голем проблем за приватниот сектор, кој е еден од главните фактори на економскиот развој на нашиот земји, рече Хоџа. Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири изјави дека имаат соработка со стопанските комори и локалната самоуправа за да ги прилагодат насоките во средните училишта со потребите на локалната самоуправа и стопанските комори. - Очекувам добра соработка од Агенцијата за квалитет на високото образование. Ќе ги видиме сите истражувања и информации од тркалезната маса и упатствата што ќе ги даде Стопанската комора и да бидат доставени до Агенцијата за квалитет на високото образование, како институција која акредитира и реакредитира студиски програми, рече Шаќири. фф/ац/

Остани поврзан