• сабота, 23 ноември 2024

Дебата на ЗНМ „Ефектите од измените на Кривичниот законик во насока на подобрување на безбедноста на медиумските работници“

Дебата на ЗНМ „Ефектите од измените на Кривичниот законик во насока на подобрување на безбедноста на медиумските работници“

Скопје, 26 септември 2023 (МИА) - Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска организира дебата на тема „Ефектите од измените на Кривичниот законик во насока на подобрување на безбедноста на медиумските работници“.

Како што информираат од ЗНМ, на дебатата новинари и претставници од Министерството за внатрешни работи и од Основното јавно обвинителство ќе имаат можност да разменат видувања и практични искуства во контекст на примената на измените во Кривичен законик со кои се обезбедува поголема заштита за новинарите и медиумските работници.

Најавено е дека на дебатата ќе се обратат Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ, Тони Ангеловски, помошник на министерот за внатрешни работи за односи со јавност, Искра Хаџи Василева, јавен обвинител во ОЈО Скопје, Огнен Јанески, новинар во ТВ 24 и Милан Спировски, проектен истражувач во ЗНМ.фф/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан