• понеделник, 23 декември 2024

ДД: Издавањето на новите дoкументи да се покрие од државен буџет, а не од граѓаните

ДД: Издавањето на новите дoкументи да се покрие од државен буџет, а не од граѓаните

24 август 2023 

Промената на документите за идентификација, патните исправи, возачките дозволи и автомобилските таблички, која беше наметната поради промената на името на државата, стана тежок товар за граѓаните, кои веќе се потпрани до ѕид од економската криза, која е се подлабока.Ова условување ги натера граѓаните со право да реагираат, бидејќи имаат валидни документи и не се тие виновни што се импонира рокот за издавање на нови.

Демократското движење предлага, што е природно, трошоците за оваа „операција“ да бидат на товар на самата држава. Владата мора да одобри одлука за ослободување на граѓаните од дополнителни трошоци, а за оние кои веќе извадиле документи, да најде форми на надоместок. Граѓаните, од кои огромното мнозинство се на работ на економска и социјална катастрофа, најмалку се виновни за создавањето на оваа неповолна ситуација. 

Демократско движење

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан