• среда, 25 декември 2024

Двојно убиство во кумановското село Габреш, едно лице повредено

Двојно убиство во кумановското село Габреш, едно лице повредено

Куманово, 21 февруари 2024 (МИА) - Брат ја убил сестра си и нејзиниот син, денеска во кумановското село Габреш, соопшти полицијата. Двајца мртви и еден повреден е епилогот од нерасчистените имтоно-правни односи, информираше СВР Куманово.

Шеесет и шестгодишен жител на селото пукал со огнено оружје кон неговата сестра и нејзините двајца синови, при што ја убил сестра си и едниот од нејзините синови, вториот, според податоците на полицијата, е пренесен во општа болница Куманово.

- Поради нерасчистени семејни односи денеска во 12:25 часот полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Д.Ѓ. (66) затоа што во село Габреш, кумановско поради нерасчистени имотно правни односи пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д.Р.(63), и нејзините синови Ж.Р.(36) и Т.Р.(38). Итна медицинска помош констатирала смрт кај Д.Р. и Т.Р., додека Ж.Р.со повреди е пренесен во Општа болница Куманово, информираше полицијата.

Од кумановската болница потврдија дека кај нив е донесено лице со три прострелни рани, но поради сериозноста на повредите е префрлено на понатамошно лекување на една од скопските клиники. ам/цр


Фото: МИА 

Остани поврзан