• вторник, 24 декември 2024

Две средношколки од Крива Паланка ќе учат една година во Америка како дел од "YES Програмата"

Две средношколки од Крива Паланка ќе учат една година во Америка како дел од
Крива Паланка, 14 август 2022 (МИА) - Две седумнаесет годишни сестри, средношколки, од СОУ „Ѓорче Петров" од Крива Паланка се селектирани да учат една година во САД во рамки на „YES - Програмата"(Македонски средношколци во Америка).
Програмата е спонзорирана од Бирото за развој на образование и култура на Американскиот Стејт Департмент.
- Оваа програма им помага на учениците да негуваат трајни лични врски, да се вклучат во активности што промовираат заемно разбирање помеѓу култури, почит за различностите, воспоставување лидерски вештини и разбирање на граѓанското општество. Во исто време, учениците на „YES" им помагаат на американските соученици да го подобрат своето разбирање за различни држави и култури, информира Валентина Ѓорѓиевска, една од двете кривопаланчанки што ќе биде дел од оваа програма.
Валентина Ѓорѓиевска ќе биде сместена во Њу Џерси и ќе престојува во тричлено семејство, додека нејзината сестра-близначка, Викторија Ѓорѓиевска, ќе биде сместена во Вашингтон и ќе престојува со четиричлено семејство, со две малолетни деца.
-„Kенеди Лугар-YES" програмата е основана од страна на американскиот Конгрес во октомври 2002 и во изминатите две децении извршила влијание на повеќе од 13.000 ученици од 45 држави. Програмата официјално започнала во Северна Македонија во 2009, со надеж да се зголеми комуникацијата меѓу граѓаните на двете држави и да се промовираат заемното разбирање и почит. Оттогаш, секоја година до 20 македонски ученици на годишно ниво успешно ја завршуваат "YES- програмата" и сега се членови на активната алумни заедница, информира Викторија.
Во оваа учебна 2022/23 година од 500 пријавени ученици од земјава, избрани се 19. Изборот е извршен низ повеќе етапи - пишување на есеи, интервјуа и тестови за познавање на англискиот јазик.
Финалистите се сместени во различни држави и ќе престојуваат десет месеци со американско семејство, посетувајќи настава во Американско средно училиште.ид/бт/

Остани поврзан