• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Две повозрасни жени од Скопје биле измамени за пари со наводни сообраќајки на нивните ќерки

Две повозрасни жени од Скопје биле измамени за пари со наводни сообраќајки на нивните ќерки

Скопје, 20 март 2025 (МИА) - Во СВР Скопје вчера имало пријави од две повозрасни жени дека биле измамени на телефон од непознати лица и дале пари за да не одговараат нивните ќерки кои наводно предизвикале сообраќајни несреќи. 

Во 20.25 часот 81-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари.

Како што информира МВР во дневниот билтен,  лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант „и доколку не сака да лежи во затвор требало да плати на неговото семејство, а потоа ќе ја ослободат“.

-Пријавителката подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена, соопшти МВР. 

Во 23.00 часот вчера во СВР Скопје  пријавила и 82-годишна жена од Скопје дека била измамена од едно лице за сума од околу 700.000 денари.

-Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како службеник од странска амбасада и ѝ кажало дека нејзината ќерка во САД предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Пријавителката подигнала пари од банка и ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена, се наведува во соопштението на МВР.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека презема мерки за расчистување на случаите. хс/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан