• недела, 28 јули 2024

Две победи на пингпонгарите на Младост 96 за зачувување на лидерска позиција во Супер лигата

Две победи на пингпонгарите на Младост 96 за зачувување на лидерска позиција во Супер лигата
Скопје, 28 март 2021 (МИА) – Пингпонгарите на Младост 96 забележаа победи во 13. и 14. коло до Супер лигата и останаа на лидерското место и со предност од две победи повеќе од градскиот ривал Младост. Како сигурен патник во плеј офот се наметнува екипата на Телеком НЕЦ 2, екипа која заедно со Младост 96 има 100 процентен учинок во пролетниот дел на првенството. Штипскиот Шампион ФА беше поразен во двете денешни кола, и сега има само предност од еден поен пред Телеком НЕЦ 2. Додека борбата за плеј оф со оглед на распоредот на натпреварите е се поизвесна, многу поинтересно е во зоната за испаѓање, каде со еднакви шанси за опстанок се Радовиш, Работнички и Вардар. На чекор пред нив се Крива Паланка 2007. Екипите на Телеком НЕЦ и Струга се заковани за дното без посериозни шанси и догодина да ги гледаме во елитното друштво. Резултати Супер лига 13. коло: Младост - Работнички 4:1 Радовиш - Струга 4:1 Крива Паланка 2007 - Вардар 4:2 Младост 96 - Телеком Нец 4:1 Телеком Нец 2 - Шампион ФА 4:2 Супер лига 14. коло: Работнички - Телеком Нец 2 0:4 Шампион ФА - Младост 96 0:4 Телеком Нец - Крива Паланка 2007 3:4 Вардар - Радовиш 4:2 Струга - Младост 0:4. зс/

Остани поврзан