• сабота, 23 ноември 2024

Две победи во младинските лиги за кошаркарките од Крива Паланка

Две победи во младинските лиги за кошаркарките од Крива Паланка
Крива Паланка, 4 април 2021 (МИА) - Во  спортската сала „Бранители 2001" денеска се одиграа два натпревара од младинската лига во кошарка при Кошаркарската федерација на С Македонија во женска конкуренција. Домаќин на натпреварите од лигите за девојки до 16 и до 18 години беше Кошаркарски клуб „Крива Паланка“, а девојките се надигруваа со врсничките од кавадаречки „Трокал".
- Имавме искусен и сериозен противник во екипата на „Трокал" во првиот натпревар ја јуниорки, каде се играше со неизвесност до последната четвртина. Задоволен сум од прикажаната игра и борбеноста на теренот на моите кошаркарки, а би сакал да им честитам за добрата игра и на девојчињата од противничкиот тим. Овој натпревар заврши со резултат 80:51, информираше тренерот Ведран Белешковски, претседател на Кошаркарски клуб „Крива Паланка“.
И во вториот натпревар од М-16 лигата победата ја однесе домашниот состав, во истата шанса за настап и поголема минутажа на паркетот покрај поискусните играчи добија и девојките од селекцијата родени во 2006 година кои, според тренерите, имаат одлична перспектива во овој спорт, а за да се остварат овие проекции, неопходни се многу труд и посветеност.
Натпреварот КК „Крива Паланка“ - КК „Трокал“ Кавадарци М-16, заврши со резултат 73- 51. ид/хс/

Остани поврзан