• недела, 22 декември 2024

Две независни советнички листи поднесени во Македонски Брод

Две независни советнички листи поднесени во Македонски Брод
Скопје, 24 август 2021 (МИА) - За претстојните локални избори, во Македонски Брод се поднесени две независни советнички листи кои ги предводат членови на актуелниот советнички состав во Општината. -Во нашата општина во предвидениот рок доставени се и две независни советнички листи.За овие листи претендентите за идниот совет на ЕЛС Македонски Брод, собрале по 100 потписи, со што го исполниле неопходниот цензус.Листите ги предводат Бране Јованоски и Ивица Аврамоски, кои се дел  и од актуелниот советнички состав во Општина Македонски Брод а за листата на советници се изборија како независни кандидати, со што нашата општина е една од ретките во земјава каде континуирано бројот на независни кандидати во солиден број е застапен во општинскиот совет, вели Горан Спироски од канцеларијата на ДИК за Македонски Брод. Спироски појасни дека до крајот на рокот за пријавување 30 август, не е исклучено да се поднесе уште една независна листа, а се уште не се навестува можноста во Општина Македонски Брод да фигурира и еден независен кандидат за иден градоначалник. за/мч/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан