• петок, 05 декември 2025

Две награди на ДФНФ 2025 за остварувања во продукција на етнокореолошката дејност на Домот на културата од Гевгелија

Две награди на ДФНФ 2025 за остварувања во продукција на етнокореолошката дејност на Домот на културата од Гевгелија

Виница, 21 октомври 2025  (МИА) - Универзитетскиот Ансамбл „Македонија“, во продукција на Дом на култура „Македонија“ и под  покровителство на Општина Гевгелија,  се закити со две награди на 54. Државен фестивал за непрофесионален филм на Македонија - ДФНФ 2025, што изминатиот викенд се одржа во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница.

Првата е авторска награда за камера на Васко Трајков, а втората е главната или Гранд при наградата за филмската адаптација насловена „Лазаренки – реликвија на етничкиот предел Бојмија“,  доделена  од страна на стручно жири од Кино сојузот на Македонија. 

Филмското остварување - адаптација „Лазаренки – реликвија на етничкиот предел Бојмија“, истовремено е номинирана следната 2026 година да учествува на Меѓународниот фестивал за аматерски филм УНИКА во Логано – Швајцарија.

Организатори на 54. Државен фестивал за непрофесионален филм на Македонија - ДФНФ 2025 беа Кино сојуз на Македонија и Народна техника. Улогата на подржувачи ја имаа Агенција за филм и Општина Виница, а домаќин беше Дом на култура „Тошо Арсов“.

На фестивалот беа пријавени вкупно 41 аматерски филм во повеќе категории: Документарен филм, Краток игран филм, Експериментален филм, Анимиран – цртан филм и Едноминутен филм. Од нив 12 се наградени со златни, сребрени плакети и главната награда замина кај гевгеличани. ис/вј/

Фото: ДК „Тошо Арсов“

 

 

 

Остани поврзан