• недела, 28 јули 2024

Две лица полесно повредени при удар на локомотива и комбе кај кумановско Лопате

Две лица полесно повредени при удар на локомотива и комбе кај кумановско Лопате

Куманово, 20 ноември 2023 (МИА) - Две лица се полесно повредени и примени се во Општата болница - Куманово откако локомотива удрила во патничко моторно возило - комбе во кумановското село Лопате, соопштија денеска од ЦУК.

Несреќата се случила завчера, во село Лопате кај железничкиот премин.

- Несреќата се случила во 5:50 часот, кога локомотива удрила во патничко моторно возило комбе. Две лице се полесно повредени и пренесени се во Општа болница Куманово. Оштетено е само комбито, додека материјална штета на пругата нема, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од Општа болница денеска потврдија дека двете лица се повредени.

- Двете лица се полесно повредени и се хоспитализирани, изјави директорката на болницата Биљана Ивановска.

Железничкиот сообраќај бил нормализиран во 9.45 часот и функционира редовно и без застој. ам/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан