• понеделник, 29 јули 2024

Две лица кои питачеле во Тетово добиле поднесоци за глоби од 15 до 50 евра

Две лица кои питачеле во Тетово добиле поднесоци за глоби од 15 до 50 евра
Тетово, 28 октомври 2022 (МИА) - СВР Тетово информира дека вчера во акција за откривање асоцијални појави, две лица се откриени како питачат и за тоа ќе добијат соодветни поднесоци. Полициските службеници на СВР Тетово во содејство и координација со тетовскиот Центар за социјални работи вчера од 8 часот и 30 минути до 12 часот во Тетово ја  спровеле заедничка контрола. - Во контролата, реализирана на неколку улици во централното градско подрачје, затекнати и санкционирани биле две лица, женско на возраст од 48 години од тетовско село и 61-годишен тетовец, кои на различни места питачеле. На двајцата ќе им бидат изготвени поднесоци согласно член 24 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, соопштија од СВР Тетово. Кој ќе се затекне да пита, ќе му се изрече глоба во висина од 15 до 50 евра, се вели во членот 24 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. ас/цр

Остани поврзан