• понеделник, 23 декември 2024

Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска

Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска

Џуно, 25 април 2024 (МИА) - Две лица загинаа кога авион со гориво се запали и се урна во близина на меѓународниот аеродром Фербенкс на Алјаска, соопштија денеска властите.

Еден од двајцата пилоти во авионот кој превезувал гориво пред падот пријавил дека авионот се запалил непосредно пред да се урне и изгорел во близина на аеродромот, јавуваат американските медиуми.

Шефот на регионалната канцеларија на Националниот одбор за транспорт на Алјаска, Клинт Џонсон, рече дека пилотот остварил радио контакт веднаш по полетувањето.

-Тие се обидуваа да се вратат на меѓународниот аеродром Фербенкс кога изгубија контакт, рече тој.

Авионот полетал од Фербенкс пред да се урне на околу 11 километри јужно во реката Танана, удрил во стрмен рид и се лизнал од насипот до бреговите на реката Танана, каде што целосно изгорел.

Авионот превезувал 3.200 галони (12.100 литри) мазут до Кобук, село Инупија со помалку од 200 луѓе, сместено на околу 480 километри северозападно од Фербенкс.

ФАА го идентификуваше авионот како Даглас ДЦ-54 (Douglas DC-54), воен авион користен за време на Втората светска војна. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан