Две лица загинаа во експлозија на мостот што ги поврзува САД и Канада
- Станува збор за луѓе кои биле во возилото, а медиумите јавуваат дека се работи за двајца мажи.

Њујорк, 22 ноември 2023 (МИА) - Две лица загинаа денеска во експлозија на автомобил на мостот што ги поврзува САД и Канада, во близина на Нијагарините водопади, јавија американските медиуми.
Станува збор за луѓе кои биле во возилото, а медиумите јавуваат дека се работи за двајца мажи.
Автомобилот доаѓал од канадската страна на границата и експлодирал по првиот контролен пункт на мостот „Реинбоу“, јави Си-Ен-Ен. зш/