• понеделник, 16 декември 2024

Две жени починале откако заминале на пешачење во природа во парк во јужна Невада

Две жени починале откако заминале на пешачење во природа во парк во јужна Невада

Вашингтон, 23 јуни 2023 (МИА) - Двајца љубители на пешачење во природа починале викендов во државниот парк Долина на огнот во Невада во време кога сојузната држава е зафатена од прекумерни температури од над 45.5 степени Целзиусови, јавија синоќа дел од американските медиуми.

Љубители на природата кои виделе како двете жени заминуваат на своето пешачење ги алармирале властите откако во саботата вечерта забележале дека тие не се вратиле.

Викендов, во јужниот дел на државата температурите се покачија до 45.5 степени. Таму останува во сила предупредувањето за прекумерни горештини.

Телото на едната од жените била најдено покрај патеката, а на другата било во кањон. Властите сè уште го немаат откриено нивниот идентитет.

Во округот Кларк во јужниот дел на Невада од средината на јули досега имаше седум смртни случаи поврзани со високите температури на воздухот.

Последниот случај на смрт во државен парк се случи во Долината на смртта во Калифорнија, каде минатата недела беа измерени рекордни 53.3 степени. кб/

Остани поврзан