• среда, 04 февруари 2026

Две жени повредени во уште еден масовен ноќен напад со дронови врз Одеса

Две жени повредени во уште еден масовен ноќен напад со дронови врз Одеса

Киев, 4 февруари 2026 (МИА) - Две жени се повредени во уште еден масовен ноќен напад со дрон врз Одеса, изјави началникот на градската воена администрација на Одеса, Сергеј Лисак, на својот телеграм-канал.

Тој рече дека службите за итни случаи спасиле вкупно четири лица, вклучувајќи две жени што добиле медицинска помош.

„Имаше штета на цивилната и на индустриската инфраструктура во два округа на градот. Како резултат на гранатирањето, оштетена е двокатна станбена зграда: покривот е уништен, подовите во становите се оштетени, бранот на експлозијата скрши прозорци во соседните згради и оштети автомобили“, рече Лисак во соопштението.

Штета е предизвикана во училиште и градинка, како и во административна зграда на индустриска локација, каде што избувна пожар.

Општинските служби ги отстрануваат последиците од нападот. На местото на нападите е распореден оперативен штаб, каде што жителите на оштетените станбени блокови може да добијат психолошка поддршка и да се загреат, се наведува во информацијата од началникот на градската воена администрација. мс/јт/

фото: ДПА

Остани поврзан