• петок, 08 ноември 2024

Два силни земјотреса регистрирани во Иран (ДПЛ)

Два силни земјотреса регистрирани во Иран (ДПЛ)
Техеран, 14 ноември 2021 (МИА) - Два силни земјотреса денеска се регистрирани во јужната иранска покраина Хормозган во близина на пристанишниот град Бандар Абас, јави иранската државна телевизија. Два земјотреса со интензитет од 6,3 и 6,4 степени според Рихтеровата скала во погодија јужен Иран. Земјотресите биле почувствувани и во неколку градови во провинцијата Хормозган. Земјотресите биле почувствувани и во источниот дел на Обединети Арапски Емирати. Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, но испратени се спасувачки екипи во погодениот регион. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан