• сабота, 31 август 2024

Два пожари вчера во околината на Велес, повредени нема

Два пожари вчера во околината на Велес, повредени нема

Велес,6 јули 2022 (МИА) - Во СВР Велес било пријавено дека вчера рано утрото во 05:56 часот во воениот магацин на Армијата пред село Сујаклари, велешко настанал пожар на бандера на која има кабли за електрична енергија. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес пожарот бил брзо изгаснат, а повредени лица нема, информираат денеска од СВР Велес.

Втор пожар се случил вчера попладне во населбата Речеани, а кој  во 17:15 часот бил пријавен во СВР Велес. Пожарот зафатил сува трева и неколку родни дрва, сопственост на 42-годишниот С.К. од Скопје. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес пожарот бил брзо изгаснат, а повредени лица нема, информираат денеска од СВР Велес. ад/сх/

Фото: МИА архива

Остани поврзан