Два натпревари денеска од 5. коло во ПМФЛ
- Со два натпревари во попладневен и вечерен термин денеска ќе стартува 5. коло во рамки на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Скопје, 12 септември 2025 (МИА) – Со два натпревари во попладневен и вечерен термин денеска ќе стартува 5. коло во рамки на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Бранителот на титулата Шкендија во Тетово го пречекува Башкими (15:30 часот), додека скопски Вардар е домаќин на градскиот ривал Македонија ЃП (19 часот).
Утре на програмата се дуелите АП Брера – Шкупи и Силекс – Работнички, а прволигашкото коло ќе биде комплетирано в недела кога Струга ќе го пречека Тиквеш, а Пелистер ќе му биде домаќин на Арсими.
ПМФЛ: 5 коло
Шкендија – Башкими (петок, 15:30)
Вардар – Македонија ЃП (петок, 19:00)
АП Брера – Шкупи (сабота, 15:30)
Силекс – Работнички (сабота, 15:30)
Струга – Тиквеш (недела, 15:30)
Пелистер – Арсими (недела, 19:00).ег
ФОТО: ФФМ