• среда, 27 ноември 2024

Два контролни натпревари за македонските фудбалски кадети во Турција

Два контролни натпревари за македонските фудбалски кадети во Турција
Скопје, 23 август 2021 (МИА) – Македонската фудбалска репрезентација до 16 години оваа недела ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Турција на гостински терен. Натпреварите се на програмата утре и в четврток на ТФФ тренинг центарот во Истанбул, Рива со почеток од 17. часот. Селекторот Неџат Шабани за претстојните дуели против Турција се одлучи можност за настап да имаат следните фудбалери: Голмани: Славе Вргов (ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ), Спаско Ахтаров (ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.); Одбрана: Андреј Велков (ФК БРЕГАЛНИЦА), Генц Кикху (ФК РАБОТНИЧКИ), Анес Малиќи (ФК ШКЕНДИЈА), Кристијан Галевски (ФК ВАРДАР), Димитар Порчу (ФК ВАРДАР), Андреј Љубевски (ФК РАБОТНИЧКИ), Мартин Јовановиќ (МАКЕДОНИЈА Ѓ. П); Средина: Андреј Величковски (ФК ВАРДАР), Дарко Сековски (ФК ВАРДАР), Даниел Коцев (ФК РАБОТНИЧКИ), Давор Шегмановски (ФК РАБОТНИЧКИ), Димитар Данев (ФК РАБОТНИЧКИ), Алмир Подграѓа (ФК РАБОТНИЧКИ), Мухамед Шефити (ФК Шкендија); Напад: Никола Манојлов (ФК РАБОТНИЧКИ), Алтин Алиљи (ФК ВАРДАР), Флакрон Мемиши (ФК ШКЕНДИЈА), Стефан Младеновски (ФФМ АКАДЕМИЈА), Горазд Ристовски (ФФМ АКАДЕМИЈА), Димитар Папазов (ФК ФОРЦА). ег/аа/

Остани поврзан