Два гола на крајот го спасија Реал од нов неуспех во Лигата на шампионите
- Натпреварот заврши 2:2, а шпанскиот гигант губеше со два гола разлика до 87. минута.
Менхенгладбах, 27 октомври 2020 (МИА) - Реал Мадрид постигна два доцни гола и се спаси од пораз од Борусија (Менхенгладбах).
Натпреварот заврши 2:2, а шпанскиот гигант губеше со два гола разлика до 87. минута.
Бензема намали, а во судиското продолжение Каземиро израмни и им донесе бод на „белите“.
Резултати од 2.коло на ЛШ:
Група „А“:
Локомотив Москва - Баерн Минхен 1:2
Атлетико Мадрид - Салцбург 3:2
Група „Б“:
Шахтјар Доњецк - Интер 0:0
Борусија Менхенгладбах - Реал Мадрид 2:2
Група „Ц“:
Порто - Олимпијакос 2:0
Марсеј - Манчестер Сити 0:3
Група „Д“:
Аталанта - Ајакс 2:2
Ливерпул - Митјиланд 2:0