• четврток, 26 декември 2024

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 загинати

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 загинати

Антанаанариво, 25 ноември 2024 (МИА) - Два брода со мигранти се превртеа во Индискиот Океан кај Мадагаскар, а бројот на жртви се зголеми на 25, соопштија денеска локалните власти.

Вкупно 48 луѓе беа спасени од водите во близина на северниот дел на Мадагаскар, а официјални лица велат дека мигрантите биле на море речиси еден месец со надеж дека ќе стигнат до француската територија Мајот.

На 2 ноември чамците ја напуштиле плажата во близина на главниот град на Сомалија, Могадишу, со 73 луѓе. Мајот е на околу 1.600 километри од Могадишу.

Не е јасно што го предизвикало превртувањето на чамците, а истрагата е во тек.

Министерството за надворешни работи на Мадагаскар побара помош од Меѓународната организација за миграција (ИОМ) на ОН.

Секоја година, многу млади Сомалијци тргнуваат на опасни патувања во потрага по подобар живот во странство. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан