• понеделник, 16 декември 2024

Двајца цивили загинаа во напад на Хезболах на Голанската висорамнина

Двајца цивили загинаа во напад на Хезболах на Голанската висорамнина

Тел Авив, 9 јули 2024 (МИА) – Двајца цивили, маж и жена, загинаа денеска на Голанската висорамнина во ракетен напад на Хезболах од јужен Либан, соопшти израелската полиција.

Спасувачките служби соопштија дека ракетата директно го погодила возилото во кое се наоѓале жртвите.

Тие преминувале раскрсница во моментот кога екстремистичкиот Хезболах истрелал околу 40 ракети во анектираниот Голан.

Хезболах ја презеде одговорноста за баражниот оган, тврдејќи дека мета била воена база.

Во соопштението на проиранската шиитска организација, се наведува дека базата Нафах била цел како одговор на убиството на членот на Хезболах, поранешниот телохранител на лидерот на таа организација, Хасан Насрала, во напад на израелски дрон врз патот Бејрут-Дамаск во Сирија. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан