• сабота, 23 ноември 2024

Двајца пилоти загинаа во пад на турски воен авион во текот на обука

Двајца пилоти загинаа во пад на турски воен авион во текот на обука

Анкара, 4 јуни 2024 (МИА) - Двајца воени пилоти загинаа во авионска несреќа за време на обука во централна Турција, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.

Авионот се урнал од засега непознати причини по полетувањето од воената база Кајсери.

На местото на настанот се испратени пожарникари и спасувачи.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изрази сочувство до семејствата на жртвите.сд/

фото:Скриншот АА

Остани поврзан