Двајца Македонци во идеалната петорка на ЕП во Скопје
- Во изборот на идеалната петорка на Европското првенството Б-дивизија во Скопје се најдоа и две имиња од македонската репрезентација.

Скопје, 5 август 2024 (МИА) – Во изборот на идеалната петорка на Европското првенството Б-дивизија во Скопје се најдоа и две имиња од македонската репрезентација.
Покрај најкорисниот кошаркар на шампионатот, Никола Јаничиќ, во изборот на ФИБА се најде и Марко Луканоски.
Покрај македонскиот двоец, во ТОП 5 на Европското првенство во Скопје се најдоа уште и двајца репрезентативци на Австрија, Имран Суљановиќ и Фун Шот, а идеалната петорка се комплетира со Бугаринот Александар Гаваљугов. зс/
Фото: КФСМ