• вторник, 31 март 2026

Двајца македонски пингпонгари учествуваат на тренинг камп во Луксембург

Двајца македонски пингпонгари учествуваат на тренинг камп во Луксембург

Луксембург, 30 март 2026 (МИА) – Младите македонски пигпонгари, Матеја Смолиќ и Филип Цековски денес го започнуваат учеството на меѓународен тренинг камп во Луксембург. 

Кампот ќе биде под водство на Жанг Јининг која својата кариера ја заврши во 2009 година по шест години непрекинат „престој“ на првото место на светската ранг листа.

Нашите пигпонгари ќе бидат предводени од селекторот Сашо Богатинов. Кампот трае до 6 април. 

- Овој настан означува продлабочување на соработката со Амбасадата на НР Кина и отворање на повеќе можности за младите и клубовите. Пинг понгарската федерација продолжува со инвестиции во најмладите, односно во потенцијалот на македонскиот пинг понг, соопштија од ПФМ.

Учеството на кампот е дел од соработката помеѓу Пингпонгарската федерација на Македонија со овдешната амбасада на Кина, а во рамките на проектот „China Table Tennis College“. зс/

Фото: ПФМ

Остани поврзан