• понеделник, 23 декември 2024

Двајца македонски атлетичари овој викенд ќе настапат на Балканијадата во Истанбул 

Двајца македонски атлетичари овој викенд ќе настапат на Балканијадата во Истанбул 
Скопје, 19 февруари 2021 (МИА) – Македонските атлетичари Јован Стојоски и Дарио Ивановски ќе настапат на Балканско првенство за сениори во сала што претстојниот викенд ќе се одржи во Истанбул, во организација на Турската атлетска федерација. Најавено е учество на околу 250 атлетичари од 22 држави членки на Балканската атлетска федерација. Ивановски, кој ќе настапи во дисциплината 3000 метри и Стојоски, во дисциплината 400 метри, претходно овој месец на атлетскиот митинг во Белград остварија норми за учество на Европско првенство во сала, што ќе се одржи во полскиот град Торун, во првата недела од март. ег/ки/

Остани поврзан