Двајца загинати во сообраќајка на патот Битола - Ресен
- Сообраќајна несреќа со трагичен исход се случила денеска околу 13 часот на патот Битола–Ресен, кај местото викано Слечиште, информира Министерството за внатрешни работи.
Ресен, 18 вгуст 2025 (МИА) - Сообраќајна несреќа со трагичен исход се случила денеска околу 13 часот на патот Битола–Ресен, кај местото викано Слечиште, информира Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата учествувале две патнички моторни возила – „мерцедес“ со странски регистарски ознаки, управуван од 52-годишен жител на Битола со живеалиште во Германија, и „опел“ со охридски регистарски таблички, во кое се превезувале две лица на возраст од 20 години од Охрид.
Според МВР, 52-годишниот битолчанец починал на лице место, додека едно од лицата во „опелот“ им подлегнало на повредите во Клиничката болница во Битола. сс/дма/
Фото: МИА архива