• сабота, 23 ноември 2024

Двајца загинати во нападот на Хутите врз бродот „Тру Конфиденс“

Двајца загинати во нападот на Хутите врз бродот „Тру Конфиденс“

Вашингтон, 6 март 2024 (МИА) – Двајца членови на екипажот загинаа во ракетниот напад на бунтовниците Хути врз товарниот брод во Аденскиот Залив во близина на јужниот брег на Јемен, соопштија американските власти.

Ова е првпат да има смртни случаи откако Хутите, поддржани од Иран, нападна комерцијални бродови во Црвеното Море, во, како што рекоа, знак на поддршка за Палестинците во војната меѓу Хамас и Израел.

Остатокот од екипажот го напуштил бродот True Confidence, кој се запалил и сега плута во морето, јави Би-Би-Си.

Американски официјален претставник изјави за Си-Би-Ес дека шест членови на екипажот се повредени.

Во соопштението на движењето се наведува дека членовите на екипажот ги игнорирале предупредувањата.

Британската амбасада во Јемен соопшти дека смртта на морнарите била „тажна, но неизбежна последица на непромисленото истрелување проектили од страна на Хутите кон меѓународни бродови“ и инсистираше на тоа дека нападите мора да престанат.

Поради честите напади на јеменските бунтовници значително е нарушен бродскиот сообраќај бидејќи на мета се бродови на рутата што ги поврзува Азија и Блискиот Исток со Европа, а последниот напад може да доведе до ескалација на тензиите. јт/

Фото: Х

Остани поврзан