• вторник, 24 декември 2024

Дваесет и шести ден од антивладините протести во Бугарија

Дваесет и шести ден од антивладините протести во Бугарија

Софија, 3 август 2020 (МИА) - Во центарот на Софија денеска три големи крстосници се блокирани со шаторски капмпови на 26. ден од антивладините протести.

Десетина луѓе ја поминаа ноќта во трите шаторски кампа во Софија.

Демонстрантите бараат оставка од Владата на премиерот Бојко Борисов и државниот обвинител Иван Гешев.

Протестите се одвиваат во мирна атмосфера без тензии помеѓу полицијата и демонстрантите.

Се уште е блокиран и пристапниот пат кон автопатот Тракија на излезот од Стара Загора, јужна Бугарија, каде исто така е поставен шаторски камп.

Полицијата апелира до демонстрантите да го почитуваат јавниот ред и да не наседнуваат на провокации. ми/

Остани поврзан