• среда, 25 декември 2024

Дваесет и три санкции за непрописно вградени фолии

Дваесет и три санкции за непрописно вградени фолии
Скопје, 7 ноември 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информира дека, во периодот од 31 октомври до вчера, во спроведена акциска контрола на територијата на државата , за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата, биле санкционирани 23 учесници сообраќајот. -На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, велат од МВР. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. -Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од полицијата.ир/лв/

Остани поврзан