Дваесет и еден вработен во болница во Загреб позитивни на Ковид-19
- Во клиничката болница Меркур во Загреб има 21 вработен позитивен на Ковид-19, а 84 се во самоизолација.

Загреб, 22 октомври 2020 (МИА) - Во клиничката болница Меркур во Загреб има 21 вработен позитивен на Ковид-19, а 84 се во самоизолација.
Двајца хирурзи за трансплантација се позитивни на Ковид-19, но што се однесува до трансплантациите - нема одложување, јави ХТВ. Три мајки во самоизолација чекаат за породување, пренесува Хина.
Поради контакт со позитивни здравствени работници, 10 пациенти се во самоизолација во болницата. зш/