• понеделник, 23 декември 2024

Дачиќ: Загреб одби да го повлече хрватскиот дипломат и покрај предупредувања и докази

Дачиќ: Загреб одби да го повлече хрватскиот дипломат и покрај предупредувања и докази

Белград, 23 ноември 2023 (МИА) -  Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ вечерва истакна дека Србија прогласила хрватски дипломат за персона нон грата поради грубо кршење на Виенската конвенција и вршење активности што не се работа на дипломат. Тој додаде дека Загреб со докази бил предупреден за неговото однесување и дека ништо не е направено за тоа.прашање.

„Тој не е претставник на разузнавачката служба, туку дипломат и не може да се занимава со ништо друго освен со дипломатски работи. Тоа се документирани наоди, докажани тврдења и факти за кои хрватската страна знаела пред одредено време. Како што е очекувано требаше самите да преземат одредени чекори, но не направија“, нагласи Дачиќ на новинарско прашање во врска со коментарите од Загреб дека не добиле објаснување од Белград зошто нивниот дипломат е прогласен за персона нон грата. .

Дачиќ нагласи дека Белград го направил тоа затоа што Загреб одбил да го повлече својот дипломат. зш/

Остани поврзан