• сабота, 23 ноември 2024

Даци на позајмица во Беверен до крајот на сезоната

Даци на позајмица во Беверен до крајот на сезоната

Беверен, 1 февруари 2024 (МИА) - Македонскиот фудбалски репрезентативец, Ердон Даци ќе игра на позајмица во Беверен до крајот на сезоната, соопштија од белгискиот клуб.

- 25-годишниот Ердон Даци ќе ни се приклучи на позајмица од Вестерло до крајот на сезоната. Тој одигра значајна улога во промоцијата на Вестерло во текот на сезоната 2021-2022 и исто така беше повикан како репрезентативец за неговата земја. Оваа сезона Даци уште еднаш се докажа како вреден играч за КВЦ Вестерло, со три гола и една асистенција на тринаесет натпревари, сподели спортскиот директор Том Ван ден Абиле за сајтот на тимот.

Даци ќе го носи бројот 10 во новиот тим. Беверен во моментов се наоѓа на седмото место со 29 бодови во втората белгиска лига.

Даци ја претставуваше Македонија во различни младински тимови и дебитираше за националниот А-тим на 17 октомври на пријателскиот натпревар против Ерменија. Во својот деби натпревар, напаѓачот веднаш постигна гол откако влезе како замена. дс/дма/

Фото: СК Беверен

Остани поврзан