Даути: На 15 јули да гласаме за еднаква држава
- Кандидатката за пратеник од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Илире Даути, заедно со другите кандидати од шестата изборна единица, денеска одржа средби со жителите на селата Те
Скопје, 5 јули 2020 (МИА) - Кандидатката за пратеник од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Илире Даути, заедно со другите кандидати од шестата изборна единица, денеска одржа средби со жителите на селата Теновци, Радиовци и Милетино во Општина Брвеница.
Даути повика на поддршка за програмата „Држава за сите“, која обезбедува целосна еднаквост меѓу граѓаните. Го истакна „недостигот на инвестиции во албанските области од претходните влади“.
-Беа направени бројни инвестиции во области каде што нема Албанци, додека јавниот долг кој се зголемува секој ден, неправедно ги оптоварува албанските граѓани. Шест милијарди евра е јавниот долг. Дури и децата родени деновиве се оптоварени со јавен долг од 3.000 евра, без никаква вина. Би било разумно да се влезе во долг доколку ова се стори за инвестирање, би било од корист за нас. Но, неправедно сме оптоварени со долг, затоа што инвестициите се насочени на друго место, додека ние исто така го сносиме долгот, рече Даути од Коалицијата АА - ААА.
Даути ги покани жителите од оваа област да гласаат на 15 јули за промена со заокружување на бројот 5 на гласачкото ливче. мч/мд/