• среда, 27 ноември 2024

Даскалов: Оптимисти сме дека ќе го рестартираме Пејпер Мил

Даскалов: Оптимисти сме дека ќе го рестартираме Пејпер Мил
Број на објава:646/02/21 Датум: 02.02.2021 Клучни зборови:Пејпер Мил    Откако Инспекторатот за животна средина со решение наложи работење со користење на метан како единствен енергенс на фабриката „Пејпер Мил“ од Кочани, управата на компанијата кон средината на јануари донесе одлука да го прекине производствениот процес на неопределено време. Една недела подоцна од компанијата известија дека донеле одлука во наредните два месеци 120-те вработени во фабриката да добиваат по 70% од платата за целиот период додека не одат на работа. Генералниот директор на Пејпер Мил од Кочани, Јулијан Даскалов посочува дека е нарачана опрема за дополнително унапредување на технолошкиот процес, вреќест филтер, која е планирано да пристигне кон крајот на првиот квартал оваа година. Во меѓувреме ја почитуваат одлуката на Инспекторатот, но сметаат дека се работи за недоразбирање, кое веруваат дека ќе се надмине. „Со години наназад во Пејпер Мил се вршат редовни мерења и резултатите секогаш биле во рамки на дозволеното и според А интегрираната дозвола, а прифатени од институциите.“ – изјавува Даскалов и посочува дека иако фабриката го прекина производствениот процес и во овој период кога не работи, Кочани за жал повторно бележи високи вредностите на загаденост на воздухот. Тој истакнува дека Пејпер Мил се залага за чиста животна околина во која насока се и сите инвестиции за унапредување на процесите: „Ние сакаме да работиме на долг рок, а  одржлив бизнис модел е можно да се постигне само во спрега со сите елементи на одржливост – здрава животна средина, општествена, социјална и економска стабилност.“ Од Пејпер Мил се оптимисти дека ќе го рестартираат процесот на производство и дека ќе ги вратат на работа сите 120 вработени. „Досега имаме вложено 7 милиони евра во модернизирање на технологиите и процесите кон чистите технологии и адаптација за рециклажа, а развојните планови кои ги имаме за нови инвестиции од 15 милиони евра и 30% зголемување на вработените, ни даваат право за оптимизам дека преку новите инвестиции и соработка со сите чинители, ќе можеме да ја рестартираме фабриката час поскоро, од што придобивки ќе имаме ние како компанија, вработените, локалната заедница, но и целата земја.“ -  изјавува Даскалов.   МИА - ОТС Комерцијални соопштенија  Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан