• среда, 27 ноември 2024

Даскалов: Во Пејпар Мил продолжува инвестицискиот циклус во нови технологии, вработувања и проекти за заштита на животната средина

Даскалов: Во Пејпар Мил продолжува инвестицискиот циклус во нови технологии, вработувања и проекти за заштита на животната средина
Број на објава: 667/06/21 Датум: 16.06.2021 Клучни зборови:Пејпар Мил По официјалното рестартирање на Пејпар Мил од Кочани, менаџмeнтот на компанијата најавува нови инвестиции. По поставувањето на новиот филтер, резултатите од мерењата на квалитетот на воздухот на меѓународната акредитирана лабораторија SGS, согласно методи одобрени од Државниот инспекторат за животна средина, покажаа вредности на количество на прав во димните гасови до 40 пати пониски од пропишаното. Тоа беше и еден од предусловите за рестартирање на единствената фабрика за рециклирање на хартија во РС Македонија, по што на работа се вратија сите 120 вработени. [caption id="attachment_1519835" align="alignnone" width="1024"] Пејпар Мил[/caption] „Сега речиси целосно е елиминирано влијанието на процесот на рециклирање и производство на хартија во нашата фабрика врз квалитетот на воздухот. Сосема е сигурно дека инвестицијата од над 55 илјади евра се исплатеше и го даде посакуваниот резултат - трајно решение фабриката да работи непречено и да обезбеди чиста и здрава околина за сите.“ – изјави Јулијан Даскалов, Генерален директор на Пејпар Мил. [caption id="attachment_1519844" align="aligncenter" width="496"]Јулијан Даскалов Јулијан Даскалов[/caption] Од компанијата посочуваат дека во изминатите пет години по преземањето на фабриката во Кочани имаат вложено над 8 милиони евра во унапредување на технологиите за заштита на животната средина, подобрување на квалитетот на производите, како и зголемување на капацитетот, со посебен пристап кон чистите технологии и адаптација за рециклажа. Пајпар Мил продолжува со инвестицискиот циклус. За оваа година предвидено е завршување на последната трета фаза од пречистителната станица, инвестиција од 300.000 евра со која суспендираните материи ќе имаат значително подобрување – повеќе од двојно од дозволените граници, а БПК5 и ХПК параметрите ќе се подобрат за три пати. Од менаџментот истакнуваат дека во следните 2 години планирани се инвестиции од 2 милиони евра во двојно зголемување на капацитетот на производство, со што ќе се зголеми потребата за собирање и рециклирање на отпадна хартија на околу 30.000 тони на годишно ниво, што е практично целата количина која се собира во Република Северна Македонија. [caption id="attachment_1519833" align="alignnone" width="1024"] Пејпар Мил[/caption] „Со самото зголемување на капацитетите, Пејпар Мил би го зголемил и бројот на вработувања за 5 до 7% во текот на наредните две години. Дополнително, планираме и таканаречена вертикална интеграција – инвестиција од 3 до 5 милиони евра со која би се овозможило создавање и производство на нов производ, а со што дополнително би се зголемил и бројот на нови работни места.“ – истакнува Даскалов. Пејпар Мил како инвеститор има значително социо-економско влијание на локално и национално ниво како работодавач и во економијата, а кон тоа, Пејпар Мил како единствен рециклатор на хартија е значајна алка во процесот на рециклирање на отпадна хартија, остварувањето на националните цели за рециклирање и во синџирот на циркуларната економија во земјата. [caption id="attachment_1519836" align="alignnone" width="1024"] Пејпар Мил[/caption]   МИА - ОТС Комерцијални соопштенија Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан