• петок, 05 декември 2025

Даскаловски: Оваа победа многу ни значи

Даскаловски: Оваа победа многу ни значи

Битола, 23.октомври 2025 (МИА) – Кошаркарите на Пелистер ја постигнаа првата победа во ФИБА Европа купот. На дуелот одигран синоќа во Битола пред својата публика го совладаа словачкиот тим Приевизда.

- Приевизда е добар тим, со квалитетни странци кои знаат да вршат притисок резултатски во почетокот на натпреварот. Ја задржавме нивната мисија, не дозволивме да се одлепат, а во второто полувреме успеавме да создадеме предност и да држиме контрола. Одработивме одличен скаутинг на противникот, но пак имаме наивни грешки кои не смееме да ги правиме.

Овој натпревар и оваа победа многу ни значи, не само нам, туку и на навивачите и на цела Битола“, изјави Борче Даскаловски тренер на Пелистер.

Македонскиот претставник во ова натпреварување следниот натпревар го игра на гостински терен кај екипата на Керавнос од Кипар. мн/

Фото: Фејсбук КК Пелистер

Остани поврзан