• петок, 05 декември 2025

Дарвин Нуњез сака да игра за Атлетико

Дарвин Нуњез сака да игра за Атлетико

Ливерпул, 22 мај 2025 (МИА) - Приоритет на напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез е преселба во Атлетико, објавија неколку шпански медиуми.

Нуњез својата желба за преселба во Атлетико ја соопштил на новинарот Чави Гомара.

Според Гомара, 24-годишниот Уругваец е убеден дека ќе може да ја врати својата најдобра форма под водство на тренерот Диего Симеоне, кој е тренер на мадридскиот тим. 

Атлетико планира Нуњез да го добие на позајмица со задолжителна откупна клаузула.

Оваа сезона Нуњез настапи на 46 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна седум голови и исто толку асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан